Гневните Французи го пречекаа Макрон со свирежи и повици за оставка

Демонстрантите го пречекаа во средата францускиот претседател Емануел Макрон со свирежи и повици за негова оставка на првата средба на претседателот со демонстрантите откако тој го потпиша непопуларниот закон за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Пред фабриката што ја посети во источниот регион Алзас, Макрон беше пречекан со непријателски транспаренти и тропање во тенџериња. Синдикално организираните работници накратко ја исклучија струјата во фабриката.

Додека минувпе низ толпата во блиското село, многумина скандираа „Макрон, оставка!“ а еден човек му рече „Не ја сакаме оваа пензиска реформа, што не ти е јасно?“. Друг го обвини за водење корумпирана влада и рече: „Наскоро ќе паднеш. Само почекај и ќе видиш“.

Но, некои и го поздравија. „Издржи“, му порача еден маж, додека жена му се заблагодари за трудот, а други бараа „селфи“.

Сепак, дури и во областа којшто му е фаворизирана и со големо повеќе од просекот за него на претседателските избори во 2022 година, Макрон беше пречекан главно негативно.

Викендов Макрон потпиша закон за зголемување на старосната граница за пензионирање, според кој граѓаните наместо досегашните 62, за да добијат пензија мора да работат до 64 години. Поради ова веќе три месеца траат протести на кои учествуваат огромен број луѓе, а понекогаш и насилни. Според анкетите, огромното мнозинство Французи се против реформата.

Во селото Селестат, центристичкиот претседател рече дека го разбира изразот на незадоволство, но дека „земјата мора да оди напред“. Претходно при посетата на фабриката рече дека не е можно да се слушаат само оние кои се „најгласни“ и ги истакна позитивните аспекти на француското трудово законодавство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.