Го направи ли Оланд конечниот избор?

115

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, наводно добил совет да биде „Претседател самец“ додека јавноста не ја подзаборави аферата.

Оланд наводно зборувал за крај на врската со првата дама Валери Трирвелер, со која бил девет години, откако беше откриена неговата афера со 41-годишната актерка Жули Гаје.

Британски „Дејли Телеграф“ информирал за можноста околу прекинот на врската на првата француска двојка повикувајќи се на извори од Елисејската палата.

Педесет и девегодишниот Оланд, кој има четири деца ос претходната партнерка, политичарката Сеголен Ројал, наводно добил совет да биде „претседател самец“, додека јавноста не ја подзаборави аферата. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.