Четириесет и седумгодишната Велида Х. Од БиХ, која била примерна сопруга и мајка на три деца, го напуштила семејството бидејќи се заљубила во својата сопруга, шеесет и двегодишната Наида.
Меѓусебно двете гаеле лажен однос, при што нивните сопрузи завршиле на психијатар! Биле откриени една јулска ноќ кога рекле дека одат во шопинг.
– Кога отидов да ги нахранам кучињата слушнав цмокање позади куќата. Се притаив, а жените разговараа: Жено, драга, машкиве не знаат ништо за купувањето. Зошто некој би одел во шопинг без пари – му објаснил вознемирениот Аднан, сопруг на Велида, на новинарот на порталот Сараево365, кој кога ги препознал гласовите паднал во несвест.
Валида била многу блиска со свекрвата од почетокот на бракот, но никој не помислувал дека оваа интимност ќе заврши во кревет. Постојани заеднички шетања, патувања на море, седење долго во ноќта во трач оддавале само привид на семејна идила и хармонија.
Односот помеѓу Валида и нејзиниот сопруг Аднан (43) постепено се ладел, а исто се случувало и меѓу бабата и дедото Мустафа, кој мислел дека брачните неуспеси на сопругата се должат на возраста. Но, погрешил. Никој не можел да замисли дека помеѓу две зрели жени се раѓа љубов.
Утредента жените сè признале. Сопругот и дедото сега се на психотерапија, децата седат дома, а заљубениот пар наводно, изнајмил стан во Сараево.