Го пронашла внукот мртов во својот стан

внукот

Смртта ја констатирала екипа на Брза помош што претходно ја повикала тетката на починатиот, Љ.К. (72). Таа, како што изјавила во разговор со полицијата, забележала дека Д.Ц. не се буди иако му ѕвонел алармот на мобилниот телефон. Притоа забележала дека не дава знаци на живот.

За настанот известен бил и Јавен обвинител, по чија  наредба телото е предадено на семејството за погреб.

Д.Ц. пред две недели дошол да престојува кај тетката.