Го сакам Водно: Багерите работеле без одлука на Влада – држава е ова или што?!

172

Граѓанската иницијатива Го сакам Водно соопшти денеска дека Владата и покрај тоа што вети дека трасата за гасоводот ќе биде променета, сепак во изминатите денови багерите работеле на големо по старата, спорна траса.

Багерите работеле деновиве, по старото сценарио, кое години наназад добро се установи, во ек на летни одмори удри и гради против граѓанскиот став кој аргументирано бара градење НАДВОР од Водно! Порамнето, искршен сртот, БЕЗ официјална одлука на Влада! И не, да бидеме јасни, НЕ се како што рекоа МЕР и Кочо Анѓушев 10 метри и НЕ е по изменетата траса која ќе ја намалела штета, туку по старата!! Држава ли е ова или ШТО?!, се вели во нивното соопштение кое го објавија на социјалната мрежа Фејсбук.

Оттаму велат дека листата на аргументи против трасата на гасоводот да оди низ Водно е толку долга, што секој правен систем досега би го запрел процесот.

Одобрение за градење издадено без одобрение на Град Скопје под чие владеење е парк шумата Водно! Студии за оцена на влијанието на проектот врз животната средина кои не го разгледуваат посебно заштитеното подрачје на парк шума Водно! Јавни расправи за кои јавноста не била известена и не била присутна! Распишан тендер на МЕР за изградба на гасоводот, месеци пред да бидат воопшто овластени од Владата за изградба!, се вели во соопштението.

За денеска во 11 часот најавија прес конференција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.