Го удрил гром додека собирал печурки, починал на лице место

Вчера во 13.45 часот, во атарот на селото Горно Јаболчиште, велешко,  Хасим Ф.(36) од село Г.Јаболчиште, додека собирал печурки од удар на гром починал на лице место.

Со телесни повреди се здобило дванаесет годишно лице кое што е пренесено во Медицински центар Велес каде што му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.