ГОБ „8-ми Септември“: На Јанакиески не му се констатирани телесни повреди

Од ГОБ „8-ми Септември“ попладнево потврдија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески, кој учествувал во инцидент во затворот „Скопје“ во Шутка, но оти не му биле констатирани телесни повреди.

-Во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се вели во соопштението од болницата.

Од ГОБ „8-ми Септември“ апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.

На Јанакиески синоќа му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април“. За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски, кој според информации од затворот исто така учествувал во инцидентот но не се пожалил на повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.