ГОБ „8 Септември“ се наполни, новозаразените се препраќаат во Козле

41

Во болниците во моментот се хоспитализирани вкупно 359 пациенти заразени со корона вирус, од кои 5 се на респиратор. Најголем број се сместени во ГОБ „8 Септември“, поради што почнале да препраќаат пациенти во Козле.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.