Гоце Ристовски го фати крстот за Водици во Тетово

Четиресет и пет годишниот Гоце Ристовски го фати осветениот крст на годинешното одбележување на Богојавеление Водици во соборната црква Свети Кирил и Методиј во Тетово. Литургијата, чин на водосвет и спуштање на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф. По крстот скокаа и Владимир Стерјовски и Небојша Кочовски, а најсреќен беше Гоце Ристовски.

„Имав чест да го фатам крстот оваа година, заедно скокавме со Влатко и Небојша. Бог нека им дава здравје на нив, на мене, на нивните семејства и на сите Македонци. За прв пат скокам по крстот оваа година. Небојша е помлад од нас, очекуваме да ја продолжи традицијата“, изјави Гоце Ристовски.

Тројцата учесници во традиционалното одбележување се од населбата Два Бреста. Од црковниот одбор Гоце Ристовски беше даруван со пригодни подароци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.