Гоце Седлоски е прв кандидат за тренер на младинскиот тим на Динамо

42
Гоце Седлоски кој шест и пол години помина како фудбалер во Динамо од Загреб, би можел да се врати во хрватскиот клуб, овој пат ќе ја има улогата на тренер на младинскиот тим.
„Вечерњи лист“ тврди дека Гоце Седлоски е прв кандидат за тренер на младинскиот тим на Динамо Загреб откако местото се испразни. Довчерашниот предводник на младинците, Игор Јовичевиќ ќе го води првиот тим.
Динамо Загреб има исклучително талентирана генерација во младинскиот тим, која во моментов е во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде треба да игра со Бенфика, тие веќе ги елиминираа Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Веројатно идејата Седлоски да биде тренер на младинскиот тим е на Здравко Мамиќ кој е близок со Македонецот и има позитивно мислење за него.
Седлоски во Динамо Загреб ја носеше и капитенската лента во последните години како фудбалер во овој клуб, имаше постигнато и преку 25 погодоци, тој ги изведуваше и пеналите иако беше централен дефанзивец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.