Година ипол затвор за дадилката што претепа дете во Капитол мол

82

Една ипол година затворска казна доби дадилката кој го тепаше двегодишното момче во игротека во Капитол мол.

Вака пред два дена одлучил Кривичниот суд откако жената ја признала вината. Сега предметот по жалба е во Апелациониот суд кој ќе треба да одлучи дали оваа казна ќе остане иста или ќе се промени.

Настанот кој ја вознемири цела македонска јавност се случи на 21 ноември лани, а малтретирањето врз детето било снимано од безбедносните камери на игротеката.

Видеото беше објавено јавно по што обвинителстовто го поднесе обвинението за дадилката.  Во него се велеше дека додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја.

Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.