Годинава нема да биде доделена Златната топка

25

Златната топка, трофејот за најдобрите фудбалер и фудбалерка на светот во текот на изминатата година во изборот на францускиот спортски магазин  France Football, годинава нема да биде доделена првпат во 64-годишната историја на оваа награда, а организаторите како причина ја наведуваат уништената сезона поради пандемијата од коронавирусот.

Од францускиот магазин објавија дека во годината која ја одбележа пандемијата на коронавирусот не може да се третира како обична и подобро е да се прескокне отколку да се додели награда и потоа да се смета за нефер одлука.

Причината е нерамноправната борба на сите кандидати за оваа награда. Некои имаа шанса да се борат до крај, додека кај некои сезоната беше прекината, како на пример во француската Лига 1, холандската Ердивизија и белгиската Про лига. Ова е првпат од 1956 година да не се доделува „Златната топка“.

Минатата година најдобар беше Лионел Меси.

Исто така, и ФИФА од истите причини го одложи својот настан „The Best“ на кои се прогласуваа најдобрите фудбалери во светот за 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.