Годинава се очекуваат нови до 300 мегавати струја од обновливи извори

-Во 2022 година без издадени 226 лиценци за нови 150 мегавати од обновливи извори на енергија, а најмногу се фотоволтаиците, информира првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски, кој на годишната конференција „Година на нови можности“ додаде дека за јануари веќе има 30 лиценци и над 150 барања во РКЕ.

-Во 2023 година ќе има од 200 до 300 нови мегавати само од обновливи извори на енергија, иако има и други големи проекти за фотоволтаци кои ќе се приклучат на мрежата. Треба да се знае дека од аспект на одржување, тие знаат да направат проблем, бидејќи произведуваат кога има сонце и ветер, освен биогасните централи. Оваа енергија се продава на слободниот пазар и нашата мрежа ќе може да издржи одреден капацитет, тој не е неограничен. Но, треба да има балансирање. Во моментов не се инвестира само во Македонија, туку и во сите земји од регионот. Сите гледаат дека најбрза и наједноставна инвестиција за производство на струја се фотоволтаиците, рече Бислимовски.