Годинава убиени 94 новинари во светот

Во 2018 година убиени се 94 новинари и медиумски работници, објави во понеделникот Меѓународната федерација на новинарите (IFJ) што претставува пораст во однос на 82 смртни случаи минатата 2017 година, и тоа зборува дека е направен пресврт во трендот на опаѓањето на насилната смрт кај новинарите кој преовладвуаше изминатите години.

Меѓу жртвите 84 се новинари, снмиматели и техничари, како и помошен персонал како што се возачи и обезбедувачи. Шест од вкпупниот број жртви се жени. Сите се убиени намерно, настрадани се во размена на оган или како жртви на бомбашки напади.

Најопасно место за новинарите е Авганистан, каде што се убиени 16 медиумски работници. Со 11 жртви следи Мексико, каде што организираниот криминал честопати организира убиства на новинари. Девет медиумски работници се убиени во Јемен, осум во Сирија, седум во Индија, шест во Сомалија, и по пет во Пакистан и во САД.

Оваа листа го „отсликува влошувањето на ситуацијата во којашто новинарите ја извршуваат својата дејност, а еклатантен пример е свирепото убиство на колумнистот на The Washington Post, саудискиот државјанин Џамал Кашоги“, се наведува во соопштението на IFJ. Кашоги беше убиен на 2-ри октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

Според Федерацијата, со ова, по шест години континуирано намалување, одново е регистриран раст на убиствата на новинари и медиумски работници. Изминативе десетина години поголем број убиства на новинари и медиумски работници се регистирани само во 2006 година – 155 и во 2012 година – 121 убиство.

Претседателот на IFJ, Филип Лерут, ги повика земјите членки на Обединетите нации да ја прифатат конвенцијата за безбедноста и заштитата на новинарите, поденсена во седиштетот на светската организација во Њујорк во октомври годинава. „Оваа конвеција, која ја поддржува целокупната новинарска професија, е конкретен одговор на злосторствата сторени против новинарите, коишто минуваат потполно неказнето“, порачува Лерут.