Годинава во Велес легализирани 800 дивоградби

Во Велес во текот на 2014 година легализирани се 800 дивоградби, информира Елизабета Јовчевска, раководител на Одделението за правни работи при општина Велес.

Според неа, во градот не се знае точниот број на дивоградби, затоа што голем број од сопствениците на дивоградби во Велес немаат поднесено барање за легализација.

– До септември 2011 до нивната служба биле поднесени 7871 барање за легализација на куќите,а од нив во овие две и пол години легализирани се 1.500, рече Јовчевска.

Таа посочи дека прекин на постапката заради доставување на документација има кај 3.500 сопственици на дивоградби. Инаку, во врска со постапката за легализација на тераси, а која трае до 30 јуни 2015 годна, според информацијата од Јовчевска, досега се доставени 16 барања.

МИА