Години по терористичките напади од 9/11 сенката на ракот се надви над преживеаните

47

Жаклин Фебрије имала 26 години и работела близу Светскиот трговски центар (СТЦ – WTC) кога на 11-ти септември 2001 година џихадистите на Ал Каеда ги урнаа кулите „близначки“. Денес е една од илјадниците лица заболени од рак поради изложеност на отровни супстанции по нападот, се наведува во прилогот на агенција France Press по повод годишнината од најголемиот терористички напад на територијата на САД.

По терористичките напади Фебрије, која е професионална синдикалистка, родила три деца, а во 2016 година ѝ бил дијагностирциран рак кој метастазилрал. Токсичниот отпад и облакот од пепел на кој била изложена на денот на нападот е единственото логично објаснувањ за нејзината болест.

Ричард Фарер, денес 37-годишник и од неодамна татко, работел на Мехнетен од 2001 до 2003 година. Пред 18 месеци нему му е дијагностицирана агресивна форма на рак на дебелото црево, кое главно ги погаѓа повозрасните мажи, а самиот Фарер за ваквото заболување немал никакви предиспозиции.

Освен 3.000 лица убиени во самиот напад и повеќе од 6.000 повредени при уривањето на кулите на СТЦ, градот Њујорк не престанува да ги брои новозаболените од карцином и други тешки заболувања, во прв ред на белите дробови, а што се поврзува со токсичниот облек кој со седмици лебдел над јужниот дел на Менхетен. Првите жртви биле десетици илјади пожарникари и волонтери кои ги расчистувале урнатините на СТЦ. Студија објавена во 2011 година во стручни списанија покажува дека кај тие лица е зголемен ризикот од заболување од рак.

Здравствената програма на СТЦ, а станува збор за сојузна програма за лицата коишто ги преживеале терористичките напади од 11-ти септември, во регистерот има 10.000 заболени од рак. Жаклин Фебрије и Ричард Фарер се само дел од обичните луѓе кои работеле или живееле во јужниот дел од Менхетен во време на трагедијата и таа категорија постојано се зголемува. Кон крајот 2018 година повеќе од 21.000 заболени биле вброени во програмата СТЦ, што е двапати повеќе отколку во јуни 2016 година. Меѓу нив речиси 4.000 се заболени од рак, со тоа што најчеста форми се ракот на простатата, дојката или на кожата.

Иако е „невозможно за секој поединец да се утврди точната причина (за ракот), бидејќи ниеден тест на крвта нема да го покаже ‘печатот на СТЦ’, сепак неколку студии потврдуваат дека „процентот на заболените од рак се зголемил меѓу 10 и 30 отсто кај лицата кои биле изложени на (токсичните) честички“ на денот на нападот, вели Дејвид Презант, главен лекар на њујоршките пожарникари. Процентот би требало да расте во иднина, имајќи предвид дека тие луѓе ќе стареат и имајќи ја предвид природата на поедини форми на карцином, како што се ракот на белите дробови или мезотелиомот, кои се развиваат од 20 до 30 години, вели Презант и додава дека „Никој тоа не може да го предвиди“.

Во тој контекст американскиот претседател Доналд Трамп во јули го потпиша законот со кој до 2020 до 2090 година се пролонгира рокот за поднесување барање за оштета од специјалниот сојузен фонд за обештетување на овие жртви. Фондот трајно ќе се пополнува откако ќе бидат потрошени почетните 7,3 милијарди долари, според законот. Просечната отштета се движи во распон од 240.000 долари по заболено лице до 682.000 долари за семејство на починато лице.

Откако неколкупати го пролонгираше крајниот датум за фондот, американскиот Конгрес на крајот призна дека е потребно да се покријат трошоците за „лице коешто било бебе во време на терористичките напади па до крајот на неговиот живто“, појаснува адвокатот Метју Бајони, кој ги застапува семејствата Фебрије и Фарер во постапките кои ги покренале за добивање отштета.

„Никогаш немало напад кој би можел да се спореди со 11-ти септември. Никој не можел да предвиди што ќе се случува со милијарди тони градежен материјал кој согоруваше 99 дена“, истакнува Бајони. Појаснува дека во воздухот ова согорување испуштило невидени количества хемиски супстанции, меѓу кои и диоксин, азбест и други канцерогени материи.

Доправа ќе се отркиваат сите последици по здравјето на луѓето, но во меѓувреме Жаклин Фебрије и Ричард Фарер жалат што градот Њујорк не сторил повеќе веднаш по нападот за да ги заштити жителите на Менхетен.

„Можеа да вложат напори да ја спречат изложеноста на здравите возрасни луѓе (на загадувањето) и да го спречат влегувањето во зоната на катастрофата. Приоротет им беше градот што поскоро да се врати во норамлата, па така њујоршката берза беше отворена само по неколку дена, но никогаш не ни кажаа дека нешто би можело да се случи“, се жали Фебрије.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.