Годишната инфлација во Германија над 5 отсто, највисока од 1992-ра

Годишната инфлација во Герамнија во ноември надминала 5 отсто, во прв ред благодарејќи на ниската споредбена основа и повисоките цени на енергијата и на храната, потврдија во петокот објавените најнови податоци на статистичката агенција Destatis.

Потрошувачките цени во ноември пораснале за 5,2 отсто на годишно ниво, по 4,5-процентниот раст во октомври, објави германската статистичка агенција, во согласност со прелиминарната процена од крајот на ноември.

„Стапката на инфлацијата пораснала шести пат со ред и во ноември го достигна највисокото ниво оваа година. Повисока стапка на инфлацијата е измерена пред речиси 30 години. Во јуни 1992 година изнесувала 5,8 отсто“, изјави Георг Тиел, директор на Destatis.

На месечно ниво потрошувачките цени паднале за 0,2 отсто, по 0,5-процениот раст во октомври, пред сѐ благодарејќи на сезонскиот пад на цените на пакет-аранжманите за 21,6 отсто. Цените на енергенсите пораснале за 1,8 отсто, а на храната за 0,5 отсто во однос на претходниот месец.

Годишната инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HIPC), кои се користата поради полесното споредување со другите земји во ЕУ, во ноември достигнала 6 отсто и е највисокја од 1992 година кога достигнала рекорди 6,2 отсто. Во октомври годинава изнесуваше 4,6 отсто.

Многуборјните причини за високата инфлација во најголемата европска економија од јули годинава ги вклучуваат ниските цени минатата година кои резултираа со ниска споредбена основа, појаснуваат во Destatis.

Од агенцијата укажуваат и на намалената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) во втората половина од минатата година и остриот пад на цените на производите од минерално масло муинатата година.

На годишно ниво цените на енергијата скокнаа во ноември за 22,1 отсто, по 18,6-процентниот скок еден месец претходно. Цените на мазутитите се повеќе од двојно зголемени, а моторното гориво поскапело за повеќе од 40 отсто.

Надоместот за CO2 воведена на почетокот од годината, исто така, влијаела врз растот на цените на енергиајта, забележува Destatis.

Растот на цените на храната на годишно ниво забрзал на 4,5 отсто, од 4,4 отсто во октомври, а растот на цените на услугите од 2,4 на 2,8 отсто. Се додава дека сите бројки се совпаѓаат со процените на Destatis објавени на 29-ти ноември.