Годишната плата на Камбиасо не е проблем за Чезли и Јунајтед

Аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Естебан Камбиасо, дефинитивно е најпогоден од поселдната изјава на новиот сопственик на „нероазурите”, индонезискиот бизнисмен, Ерик Тохир, кој пред неколку дена ги информирал своите фудбалери дека ниту еден играч нема да има поголема годишна плата од 2,5 милиони евра.

Искусниот играч за врска моментално заработува околу 4 мил. евра и поради таа причина веќе ги информирал клупските челници дека сака да си замине од „Џузепе Меаца” за време на зимскиот преоден рок.

Голем интерес за 33-годишниот Аргентинец веќе демострираа раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Челзи кои се подготвени да му понудат 2-годишен договор и годишна заработувачка од најмалку 3,5 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.