Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи денеска годишна прес-конференција за која се акредитирани рекордни 1.392 новинари и претставници на медиумите.
Новинарите добро се подготвиле за прес-конференцијата и тие планираат да се послужат со најразлични „трикови“ за да го привлечат вниманието на Путин или на неговот портпарол, јави Танјуг. Во тоа треба да им помогнат впечатлива облека, постери, па дури и кадифени играчки.
На конференцијата ќе доминираат темите од внатрешните прашања на Русија, економијата и надворешната политика.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави во пресрет на прес-конференцијата дека новинарите „тешко ќе го изненадат“ претседателот со некои свои прашања.
Политичките аналитичари сметаат дека Путин нема да ги избегнува незгодните прашања
Со оглед на пријавениот број новинари Путин оваа година би можел да го собори рекодот од 2008 година во однос на бројот на одговорите на поставените прашања. Во 2008. Путин одговори на 106 прашања, а прес-конференцијата траеше четири часа и 40 минути.
Минатата година прес-конфренцијата траеше еден час и десет минути, а Путин одговори на 53 прашања, повеќето поврзани со односите со Западот, санкциите против Русија и националната економија.