Годишните даночни пријави ќе може да се потврдат или корегираат и за време на викендот

Управата за јавни приходи попладнево соопшти дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава и во текот на викендов.

Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник).  Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени, наведува УЈП во соопштението.