Ѓоковиќ е победник во епското финале на Вимблдон

Епското финале на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Рожер Федер заврши 3-2 во тај брејк за Србинот, односно по сетови 7-6/5, 1-6, 7-6/4, 4-6, 13-12 (7-3).

Ѓококовиќ го одигра финалето во голем стил и се враќаше кога се чинеше дека е во губитничка позиција тој се враќаше, а тај-брејкот го одигра мајсторски. Тоа е 16. гренд слем титула за српскиот тенисер, а петта на Вимблдон, од кои три освои во финален дуел со Федерер.

Честитки и за Федерер кој исто така играш веле мајсторски во петчасованата пресметкана централниот терен на Вимблдон.

Ѓоковиќ  ја одбрани титулата, при што постигна  рекорд, односно тој е првиот тенисер кој има над 30 години во новата ера кој освоил две титули во низа на Грен слем турнирот во Лондон.

Ова е четврт трофеј на големите турнири во четвртата декада од животот и се израмни со Надал, Федерер и Лејвер.

Во меѓусебните дуели Србинот ја оставри деветата победа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.