Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон, го чека подобриот од Федерер-Надал

Ѓоковиќ се пласира во финалето на Вимблдон!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ денес се пласира во финалето на Вимблдон и во недела ќе го брани трофејот освоен минатата година.

Во денешното полуфиналето Ѓоковиќ го победи Роберто Баутиста Агут со 3-1 (6-2, 4-6, 6-3, 6-2).

Ова за Ѓоковиќ е шесто финале на Вимблдон во кое ќе се обиде да стигне до петиот трофеј.

Ривал ќе му биде подобриот од денешното второ полуфинале помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ денес одлично го одигра првиот сет на ривалот му препушти само два гема, а имаше проблеми во вториот сет, кога мораше два пати да го менува рекетот имаше и еден краток перкин. Во вториот сет Новак ги врати работите на свое место и повторно играше сигурно и се до крајот на мечот не му остави шанса на Шпанецот.