Ѓоковиќ елиминиран во полуфиналето на турнирот во Доха

Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ загуби од Шпанецот Роберто Баутиста Агут со 6:3, 6:7 (6), 4:6 во полуфиналето на турнирот во катарската престолнина Доха од категорија ATП 250.

Шампионот од 2016 и 2017 година загуби по сет и во претходните два натпревари против Унгарецот Мартоњ Фукович и Грузиецот Николоз Басилашвили, но потоа правеше пресврти. Сега, сепак, 31-годишниот Србин го освои првиот сет, но допушти пресврт и по 2 часа и 35 минути беше елиминиран.

Во финалето Баутиста Агут ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Томаш Бердих (Чешка) и Марко Чекинато (Италија).