Ѓоковиќ го преслуша Умбер

Бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ, експресно се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Со 3-0 во сетови забележа победа над Уго Умбер во осминафеналето на Вимблдон.

Во следната рунда светскиот рекет број еден ќе се сретне со Давид Гофан кој забележа победа од 3-1 во сетови над Фернандо Вердаско. Ѓоковиќ во 11 четвртфинале на Вимблдон изгуби само осум гема во трите сета против Умбер.

Во машкиот дел на турнирот во четвртфиналето се пласираа и Баутиста-Агут и Сем Квери. До крајот на денот осминафинална пресметка има и Роџер Федерер.