Ѓоковиќ и Зверев ќе ја заокружат тениската сезона

Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев ќе стават крај на сезоната во машкиот тенис со меѓусебен натпревар во финалето на АТП „Мастерс“ турнирот во Лондон.

Двајцата тенисери се соочуваат еден против друг во финалето, во кое доаѓаат од различни стартни позиции. Германецот дојде до финалето откако го победи Роџер Федерер во неизвесен, додека Ѓоковиќ го направи тоа многу полесно со Кевин Андерсон.

Ѓоковиќ, кој има четири последователни победи во текот на викендот во Лондон, ја гони шестата титула од финалниот АТП турнир, со која ќе се израмни со Федерер. Зверев учествува само вторпат меѓу осумте најдобри, а пред една година испадна уште во групната фаза.