Ѓоковиќ изгуби сет, па се налути и рутински го доби Хуркач

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ја забележа и третата победа на Вимблдон и обезбеди пласман во осминафиналето на овој голем турнир кој важи за неофицијално светско првенство во тенис.

Популарниот Ноле, за разлика од средбите со Колшрајбер и Кудла, денеска за противник имаше противник кој сака да се надигрува, Хуберт Хуркач кој дефинитивно остави одличен впечаток, без разлика на тоа што на крајот мораше да му честите на фаворитот.

Полјакот беше повеќе од рамноправен во првите два сета по кои резултатот беше 1-1 ( 7:5, 6:7 (5)), но потоа работите се променија Ѓоковиќ го крена нивото на игра и со 6:1, 6:4 дојде до очекуваниот резултат.

Првиот носител во следната рунда ќе игра со победникот од дуелот меѓу Оже-Алијасим и Умбер.