Ѓоковиќ: Не ни требаше да играм

Новак Ѓоковиќ не го криеше разочарувањето по слабиот настап и поразот на стартот од мастерс-турнирот во Индијан Велс, каде Србинот беше поразен од Јапонецот Таро Даниел, моментно 109. тенисер на АТП-листата. Ова беше прв натпревар на некогашниот светски број 1 по операцијата на лактот.

– Психата, тоа беше круцијално. Направив толку многу необјасниви грешки па тоа се покажаа како еден од оние денови кога не можете да најдам ритам ниту од основната линија, особено од бекхенд страната. А  тоа секогаш беше мојот високо квалитетен удар, целата кариера. Имаше некои необјасниви, некарактеристични грешки, но претпоставувам дека сето тоа  дел од конкретните околности во кои сум моментално – изјави Ѓоковиќ.

Елиминацијата на почетокот на турнирот е болна за тенисерите, особено за оние кои стигнаа до врвот на светот, но Ѓоковиќ не заборави една важна работа.

-Јас едноставно не морав да бидам тука, бидејќи операцијата беше направена само пред пет или шест недели, но брзо се опоравив, се подготвував … Но јас сум  едноставно среќен. Мило ми е што се опоравив толку брзо по операцијата и се вратив- изјави Србинот.