Ѓоковиќ се појави на финалето во Умаг и предизвика еуфорија помеѓу присутните

Неговото ненајавено доаѓање предизвика воодушевување кај сите, а претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ се фотографираше со српскиот ас, по што веднаш се пофали на својот фејсбук профил.

Претседателката на Хрватска го искористи присуството на Ѓоковиќ за заедничка фотографија
Претседателката на Хрватска го искористи присуството на Ѓоковиќ за заедничка фотографија

„Голем поздрав од финалето на АТП турнирот во Умаг“, напиша под неа претседателката.

Интересно е тоа што иако станува збор за српски спортист, коментарите под фотографијата на Грабар Китаровиќ беа генерално, позитивни. Ѓоковиќ знаеше и што да им порача на Хрватите и уште еднаш ги освои нивните срца.

„Со семејството сум на одмор во Хрватска и сакав да навратам до Умаг бидејќи овој турнир зазема посебно место во моето срце. Дојдов во име на сите дамнешни сеќавања. Овде играв првпат во 2006 година и кога ќе дојдам како обичен гостин, ме фаќа носталгија. Пред завршувањето на кариерата, сигурно ќе дојдам уште еднаш да настапам на турнирот во Умаг”, изјави најдобриот светски тенисер во моментов.

Инаку, финалниот меч му припадна на Тием кој го победи Соуса со 2:0 (6:1, 6:4).