„Гол пиштол“ се враќа на големото платно

Легендарниот детектив Френк Дребин, кој во серијалот филмови „Гол пиштол“ го играше урнебесниот  Лесли Нилсен, се враќа на големото платно.

Во таа улога ќе влезе Ед Хелмс, а сценариото ќе го пишуваат Томас Ленон и Р. Бен Гарант кои ги напишале „Ноќта во музејот“ и „Рено 911“.

Студиото “Paramaunt” најави дека од франшизата „Гол пиштол“, која започна во 1988 година, очекува многу.