Голден Стејт ја прекина серијата порази

Во кошаркарската НБА лига се одиграа десет натпревари со релативно очекувани резултати, а за Голден Стејт заврши серијата од пет порази по ред, Вориорс ги надиграа Њу Орлеанс Пеликанс во дуелот на двете најслаби екипи на Западот.

Можеби најголемото изненадување го приреди ослабениот Далас со триумфот во Филаделфија.

Џамал Мареј со 28 поени и Никола Јокиќ со својот петти трипл-дабл сезонава, а 33-ти во кариерата, беа најзаслужни за победата на Денвер. Центарот Јокиќ, кој има 24 години, е најмладиот на листата од десет кошаркари со најмногу трипл-дабли во историјата на НБА.

Резултати од натпреварите играни ноќта петок кон сабота: Кливленд – Мемфис 114:107, Индијана – Сакраменто 119:105, Бостон – Детроит 114:93, Торонто – Вашингтон 122:118, Мајами – Њујорк 129:114, Оклахома сити – Феникс 1126:108, Филаделфија – Далас 98:117, Денвер – Минесота 109:100, Портланд – Орландо 118:103, Голден стејт – Њу Орлеанс 106:102.