Голден Стејт Вориорс стасаа до првата сезонска победа

По два стартни порази, екипата на Голден Стејт Вориорс стигна до првото сезонско славје на гости кај Њу Орлеанс Пеликанс (123-134).

Ударното трио на „воините“ одигра на посакуваното ниво и го предводеше тимот кон првата победа. Кари постигна 26, Расел го следеше со 24 поени, а Дрејмонд Грин оствари „трипл-дабл“ учинок со 16 скока, 17 скока и десет асистенции.

Џејмс Харден го одигра најдобриот натпревар во новата сезона и му овозможи на Хјустон да стигне до домашна радост против Оклахома Сити (116-112). МВП кошаркарот од пред две сезона броеше до 40 поени, а на Расел Вестбрук му фалеше една асистенција за нов „трипл-дабл“.

Првиот фаворит за титулата, ЛА Клиперс, одигра рутински на домашен терен против Шарлот (111-96). Тимот на Док Риверс ги доби сите четвртини и заслужено се израдува на третиот сезонски триумф. Каваи Ленард со 30 поени беше најефикасен на теренот.

Никола Јокиќ со Денвер го доби српскиот дуел против Сакраменто (94-101), одлична тимска победа оствари Милвоки против Кливленд (129-112), Сан Антонио во неизвесна завршница беше подобар од Портланд (113-110), а Јута минимално го надигра Феникс (95-96).