„Голден Стејт“ го продолжи договорот со Стив Кер

Упрвата на шапмионот на НБА, „Голден Стејт“ го обнови договорот со тренерот на „Вориорси“, Стив Кер, информираа од клубот. Кер во „Голден Стејт“ дојде во 2014 година кога потпиша петгодишен договор, а од тогаш „Вориорси“ играа четири финалиња на НБА лигата и победија три пати.

Поради политиката на клубот не е наведено за колку години е продолжен договорот, ниту, пак, колку ќе биде заработувачката на трофејниот стручњак. Сепак, претходно ЕСПН пренесе информација дека Кер ќе стане најплатениот тренер во НБА кога конечно ќе постигне договор со „Голден Стејт“.

Ние сме задоволни што Стив го продолжи договорот и што ќе го води нашиот тим уште неколку години. Имавме среќа со него на клупата да освоиме три титули во четири сезони. Тој е одличен тренер, а што е уште поважно, добар човек, изјави Боб Мајерс, генерален менаџер на „Вориорс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.