Голден Стејт намали во финалето на НБА, Лоури не погоди за титулата

Актуелните шампионите Голден Стејт Вориорс ги победија во петтиот меч од финалето на плеј-офот Торонто Рапторс со 106:105 и во серијата до четири победи намалија на 2-3.

Торонто пред своите навивачи ја имаше првата меч топка за историската прва титула во НБА лигата, но не успеаја. Ранетите Голден Стејт не сакаа толку лесно да ја препуштат титулата и во драматичниот меч гостите заслужено славеа. Торонто го имаше последниот напад, 15 секунди за кош и славење, но гостите се одбранија. Сега серијата се сели во Окланд, во четвртокот на распоред е шестиот дуел, а можеби и седмиот, повторно во Торонто на 16-ти јуни.

Досега само една екипа во историјата на финалните серии во НБА лигата успеала да надомести заостанување до 1-3. Пред три години Кливленд Кавалирс предводени од Леброн Џејмс губеше 1-3 од Голден Стејт, а потоа оствари три победи за конечните 4-3.

Актуелните шампиони подобро го отворија мечот, поведоа со 8:2, па со 11:6. Кон средината на првата четвртина водеа со плус 7 (19:12). Торонто возврати со 9:0 за водство од 21:19, но до крајот на оваа делница Голден Стејт ја вратија предноста и на првиот одмор заминаа со предност од 34:28.

Во втората четвртината гостите имаа и 13 поени предност (52:39), но Торонто до полувремето го намали заостанувањето на минус 6 (56:62). Во третата четвртина Вориорс ги имаа најголемите плус 14 (77:63), сепак Рапторс ја намалија заостанување на поднослива минус 6 (78:84).

Во последната четвртина се разбуди најдобриот играч на Рапторс, Каваи Леонард и во продолжение следеше вистинска драма. Шест минути пред крајот Голден Стејт водеа со 95:91, но Леонард постигна 10 коша во низа со една асистенции за пресврт и водство 103:97. Меѓутоа, гостите со две „тројки“ на Клеј Томпсон и една на Стеф Кари дојдоа во водство 106:103 на 50 секунди пред крајот. Лоури потоа се намалува на 106:105, а Вориорс направија две неверојатни грешки. Прво Дрејмонд Грин се врати на својата половина, а потоа Демаркус Казинс направи фаул во нападот. Торонто имаше 15 секунди за победа, гостите одлично го чуваа Леонард, па топката дојде до Кајли Лоури кој го промаши шутот за првата титула.

По еден месец пауза поради поврада во редовите на двојниот првак се врати Кевин Дјурант, меѓутоа повторно се повреди по 11 минути игра, и најверојатно финалето ќе заврши без него.

Госите до победата ги влечеа Кари со 31 кош, осум скокови и седум асистенции, и Томпсон со 26 коша, шест скоковои и четири асистенции, при што заедно постигнаа дури 12 „тројки“. Казинс додаде 14, а Дјурант 11 коша. Кај Торонто најефикасни беа Леонард со 26 коша, Лоури со 18, и Марк Гасол со 17 коша и осум скокови.