Голден Стејт петти пат последователно во финалето на НБА

Бранителите на титулата Голден Стејт Вориорс се пласираа петта година со ред во финалето на НБА лигата откако ноќта кон вторникот во четвртиот натпревар од финалето во Западната конференција на гостувањето со 119:117 ги совладаа Портланд Трејл Блејзерс и во серијата славеа со мазни 4-0.

Во финалето Вориорс го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Милвоки Бакс и Торонто Рапторс во кој Бакс имаат предност од 2-1.

Откако победија во 11-та последователна серија до плеј-офот, Голден Стејт Вориорс им се приклучија на Бостон Селтикс кои со успехот во периодот од 1957 до 1966 година досега беа единствената екипа на којашто ѝ појде од рака да оствари пет последователни големи финални серии.

Стефен Кари и Дрејмонд Грин имаа „трипл-дабл“ учинок. Кари мечот го заврши со 37 коша, 13 скокови и 11 асистенции во својт прв „трипл-дабл“ сезонава, додека за Грин ова беше четвртиот ваков учинок со 18 коша, 14 скокови и 11 асистенции. Кај Портланд најдобар беше Мејерс Леонард со 30 поени, Демиен Лилард додаде 28 коша, а Си Џеј Меккалам 26 поени.

Трејл Блејзерс водеа со 69:65 на полувремето и во третата четвртина откако Меккалам постигна 11 поени, а Лилард 9 ја зголемија предноста на дури 17 коша (95:78). Меѓутоа, Вориорс не се предаваа, ги постигнаа последните девет коша во третата четвртина и дојдоа на 95:87, а потоа и израмнија на 104:104 по положувањето на Кари на 4,34 минути до крајот.

Резултатот беше 111:111 во послендата минута и 48 секунди од регуларниот тек на натпреварот во кој ниедна од екипите не постигна кош. Играјќи без Андре Игудала, Кевин Дјурант и Демаркус Кузинс, Вориорс водеа само со 116:115 пред Кари да го забележи Грин кој беше во позиција „тројка“ што на Голден Стејт им донесе преднос од четири поени на 39,6 секунди пред крајот на продолжението. Лилард ги доведе Портланд на 117:119 на 32,8 секунди пред крајот и Трајл Блејзерс ја имаа топката по промашувањето на Кари. Но Грин го блокираше шутот на Лилард и откако Портланд повторно ја доби топката на 3,3 секунди до крајот, Лилард промаши „тројка“, со што ја заврши сезоната за Трејл Блејзерс.