Голден Стејт подобри од Хјустон во дербито на Западот

Ноќта кон петокот во НБА лигата беа одиграни само два натпревара, во дербито на Западната конференција Голден Стејт Вориорс на гости ги совладаа Хјустон Рокетс со 124:114, додека Оклахома Тандерс со 127:117 беа подобри од Лос Анџелес Клиперс.

Стеф Кари со 29 кошови, 9 скокови и 5 асистенции, и Клеј Томпсон со 28 поени, беа предводници во деветтата последователна победа на Голден Стејт. Кај Рокетс најдобар со 30 погодоци беше Ериг Гордон, додека Џералд Грин додаде 29, од кои 8 „тројки“. Хјустон го одигра вториот меч без повредениот Џејмс Харден, додека Вориорс играа без Кевин Дјурант.

Резултатот беше изедначен во поголемиот дел од натпреварот, но Вориорс се одвоија во последната четвртина, на три ипол минути до крајот имаа предност од седум поени. Потоа Вориорс ги постигнаа и следните пет кошеви за водство од 120:109.

Во вториот меч, за победата на Оклахома Сити, Расел Вестбрук го впиша својот 13-ти „трипл-дабл“ сезонава со 29 кошови, 12 скокови и 11 асистенции, а Пол Џорџ постигна 31кош. Кармело Ентони постигна 32 кошови за Тандерс.

Деандре Џордан ги предводеше Клиперс со 26 кошови и 17 скокови, Лоу Вилијамс додаде 26, а Блејк Грифин 24 кошови.

За Тандерс ова беше осмата победа во последните десет натпревари. Клиперс водеа со 97:94 на крајот од третата четвртина, но потоа Тандерс ја отворија последната четвртина со серија 12:0, кога Клипер не ги реализираа првите седум удари на противничкиот кош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.