Голден Стејт подобри од Хјустон

38

Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ ја прекинаа серијата од четири порази совладувајќи ги на гости Хјустон Рокетс со 106:104, а Феникс Санс доживеаја уште еден пораз од Јута Џез.

Клеј Томпсон ги предводеше Голден Стејт со 30 кошеви од кои пет „тројки“. Демаркус Кузинс додаде 27, а Стив Кари 24 поени. Вориорс така ја прекинаа низата од девет победи на Хјустон во чиишто редови најдобар беше Џејмс Харден со 29 коша и десет асистенции.

Од Феникс Санс уште еднаш беа подобри Јута Џез кој на гости славеа 114:97. Донован Мичел за победата на гостинската екипа постигна 26 коша, а Руди Гоберт додаде 18 поени со 20 скокови. Девин Букер предвид ги предвидуваше Феникс со 27 кошеви.

Оклахома Сити Тандерс дома со 108:96 ги надиграа Бруклин Нетс иако во втората четвртина имаа заостанување од 17 кошеви. Пол Џорџ и Расел Вестбрук заедно постигнаа 56 кошеви за Оклахома. Вестбрук мечот го заврши со 31 кош, ѝ2 скокови и 11 асистенции.

Вашингтон Визардс дома со 100:90 беа подобри од Орландо Меџикс, а до победата ги предводеше Бредли Бил со 23 поени.

Мајами Хитс на домашен паркет со 108:74 ги демолираат Детроит Пистон, а Атланта Хоукс со 132:111 Мемфис Гризлис.

Skin Delight