„Голден Стејт“ поразен во Денвер

Кошаркарите на „Денвер Нагетс“ му го нанесоа првиот пораз на НБА шампионот, „Голден Стејт“ откако на домашен терен славеа тесна победа од 100:98. Јунак на мечот за тимот од Колорадо беше Шпанецот Хуан Хернангомез кој со блокада му попречи на Демијан Џонс да изедначи и да избори продолжение за својот клуб.

За „Денвер“ ова е трета победа од три натпревари на стартот на сезоната.

Шампионот влезе подобро во натпреварот и ја доби првата четвртина, но втората му припадна на домаќинот, но сепак на полувреме„Вориорси“ заминаа со предност од 47:49. Победникот практично беше решен во третиот период, кој „Нагеттс“ ја добија со 33:21 што беше доволно за победа. Гостите во четвртата четвртина заиграа шампионски и ја истопија предноста, но блокираниот шут на Џонс беше крај на надежите за пресврт.