Голден Стејтс со лесна победа во одбрана на титулата

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс изминатта ноќ ја започнаа одбраната на титулата во НБА лигата со лесната победат во Окленд од 121:104 над Лоса Анџелес Клуперс во првиот круг од плеј-офот на Западната конференција, а до победата ги водеше Стеф Кари со 38 коша и 15 скокови.

Мечот го одбележаа исклучувањата на Кевин Дурант кај Вариорс и Патрик Беверлри кај Клиперс поради технички фаули. Кари инаку постигна осум „тројки“ и благодарејќи на тоа го мина рекордот на Реј Ален од 385 постигнати „тројки“ во доигрувањето, Кари до крајот на мечот стаса до 386 погодоци за три поена во кариерата.

Орландо Меџикс на гости во првиот дле од доигрувањето во Источната конференција со 104:101 ја совлада вторате екипа на истокот Торонто Репторс. Ди Џеј Огустин ги постигна последните пет коша за Орландо и беше најзаслужен за победата, вклучетелно и „тројката“ за водство на 3,4 секунди пред крадот, а мечот го заврши со 25 поени, додека најдобар кај Торонто беше Кејл Леонард исто така со 25 коша, додека Паскал Сиакам додаде 24 поени.

Бруклин Нетс со 111:102 беа подобри од Филаделфија 76ерс, а најдобар поединец кај победничката гостинска екипа беше Д’Анџело Расел со 26 поени. Џими Батлер ги предводеше Сиксерс, третопласирани на Истокот, со 36 поени, а Џоел Ембид поради болки во коленото одигра само десет минути во кои постигна 22 поени и 15 скокови.

Сан Антонио Сапрс, кој беа седмопласирана екипа во Западната конференција, ги надиграа синоќа во првиот меч од плеј-офот домашните Денвер Нагетс. Демар Дерозен во победата на својот тим постигна 18 коша со 12 скокови, а Дерик Вајт додаде 16., Никола Јокиќ во своето прво доигрување во кариерата запиша „трипл-дабл“ за Денвер со 10 коша, 14 скокови и 14 асистенции

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.