Голдман Сакс купува 30 отсто од турско пристаниште

Американската инвестициона банка „Годман Сакс“ купува 30 отсто од капиталот на турското пристаниште Петлим.

Прелиминиарниот споразум е потпишан со турската филијала на азербејџанската нафтена компанија Сокар, а вредноста на транскацијата е 250 милиони долари, пренела АФП.

Пристаниптето Петлим го експлатира турскио петрохемиски гигант Петким.

Договорот за купопродажба е од ова пристаниште да се направи најголемо пристанипте во егејскиот регион.

Азербејџанската државна нафтена компанија Сокар до 2018 година ќе стане најголемиот странски инвеститор во Турција, бидејќи планира дотогаш во оваа земја да инвестира вкупно 17 милијарди долари.