Голеадата на „Олд Трафорд“ без победник, Арсенал поразен кај Астон Вила

Во последниот саботен дуел од 23-то коло на англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед и Евертон на „Олд Трафорд“ одиграа 3:3 откако гостите израмнија во петтата минута од судиското продолжение.

Манчестер Јунајтед и Евертон пружија одлучна претстава со шест погодоци, иако можеше да има и повеќе, и тоа на двете страни. „Црвените ѓаволи“ беа подобри во првото полувреме и на одморот заминаа со водство до 2:0. Евертон, пак, многу порешително влезе во вториот дел и за само седум минути успеа да израни,

Домашните поведоа во 24 минута со голот на Единстон Кавани на нафрлувањето од Маркус Рапфорд, а водството го удвои Бруно Фернандеш со фантастичен погодок во 45 минута. Набзро по почетокот на вториот дел во 49 минута намали Абдилеи Дукуре, а веќе во 52-та минута со убав гол израмни Џејмс Родригез. Јунајтед до новото водство во 70-та минута го донесе Скот Мектоминеј, па следеше период во кој имаше неколку шанси на двете страни, но резултатот се промени со израмнување дури во 95 минута преку голот на Доминик Калверт-Луин.

Ова беше 100-ти премиерлигашки натпревар кој Оле Гунар Солскјер го водеше од тренерската клупа, 18 во Кардиф и 82 со Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед остана на втората позиција со 45 бодови, два помалку од градскиот ривал Манчестер Сити, но кој има два натпревара помалку. На третата позиција е Лестер Сити со 42 бодови од 22 натпревари, а четврти е Ливерпул со 40 бодови исто така од 22 кола. Евертон е шестопласиран со 37 бодови од 21 натпревар.

Во претходно одиграниот меч, Астон Вила го победи Арсенал со 1:0, а победникот го реши погодокот кој го постигна во 74-та секунда од мечот Оли Вотконс, кога домашните ја искористија грешката на противникот. Бертран Траоре одзема една топка која ја испрати во средината до Воткинс кој шутираше на голот, топката го промени павецот и Метју Рајан беше немоќен.

Ова беше првиот прволигашеки настап за Метју Рајан на голот на Арсенал и беше совладен по само 74 секунди од играта. Со тоа стана четвртиот голман во историјата на Премиер лигата кој во својот настап примил погодок во првите две минути од натпреварот.

Другите тројца во ова друштво се Гевин Вард кој на голот на Болтон во сезоната 1995/96 во дебито прими гол во втората минтуа, Јан Бенет од Шефилд Јунајтед кој во сезоната 2006/07 прими гол во дебито по само една минута, а Диниеле Падели на голот на Ливерпул, кој исто така во сезоната 2006/07 прими гол во втората минута.

Астон Вила со оваа победа напредуваше до осмото место со 35 бодови, додека Арсенал остана на 10-то место со 31 бод.

Њукасл Јунајтед го победи Саутемтон со 3:2, иако гостите од 50 минута имаа играч повеќе а последните 15 минути од мечот и два играча повеќе но не успеаја израмнети. Њукасл од 50 минута играше без исклучен Џеф Хендрик, а во 75 минтуа теренот поради повреда мораше да го напушто Фабиан Шар, а Стив Брус повеќе немаше право на измени.

Стрелци за „Свраките“ Џо Вилок во 16, Мигуел Алнирон во 26 и во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме. За „Светците“ погодија Такуми Минамино во 30 и Џејмс Вард-Проус.

Ова беше само втората победа на Њукасл Јунајтед во поселдните 11 кола, и во моментов е 16-ти на табелата со 25 бодови 10 бодови повеќе од првото место кое води во втората лига. Саутемптон го доживеа петтиот последователен лигашки пораз, и остана на 29 бодови и моментално е 12-ти на табелата.

Барнли и Брајтон одиграа 1:1. Гостите поведоа во 36 минута со голот Лејвис Данк, а израмни Јихан Гудмундсон во 53 минута. Барнли од 22 кола иа 23 бодови осум повеќе од зоната на испаѓање, а Брајтон од 23 гола има 25 бодови и е 15-ти.

Во дуелот на Фулам и Вест Хем Јунајтед немаше голови. Вест Хем остана петти со 39 бодови од 23 натпревари, а Фулам е 18-ти со 15 бодови од 22 натпревари.

Во недела играат Тотенхем – Вест Бромвич Албион, Вулверхемтон – Лестер Сити, Ливерпул – Манчестер Сити и Шефилд Јунјтед – Челзи, а колото во понеделник ќе го заокружи дуелот меѓу Лидс Јунајтед – Кристал Палас.