Голем астероид ѝ се приближува на Земјата

Американската Национална управа за аеронаутика и истражување на вселенскoто прострстранство (NASA) предупреди дека астероидот 2019 OU1 ѝ се приближува на Земјата, и според агенцијата дијаметарот на космичкото тело достигнува 160 метри.

Врвот на приближувањето на астероидот, кој лета кон Земјата со брзина од 13 километри на час, се очекува на 28-ми август. Тој ден астероидот 2019 OU1 ќе се приближи до Земјата 40 пати поблиску од Венера. Вселенското тело не претставува закана за нашата планета, ќе се размине со неа на растојание од околу милион километри.

Според процените на NASA, во пространството околу Земјата можно е да има околу 17.000 сѐ уште неоткриени астероиди.

Во октомври 2021 година NASA планира да ја лансира автоматизиранта вселенска станица Lucy за проучување на седум астероиди во Сончевиот систем. Во април 2025 година таа треба да се проближи до малиот астероид Доналдјохансон во астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер, кој беше откриен во март 1981 година. Потоа во 2027 и 2028 година Lucy ќе лета околу астероидите Еврибат, Плимела, Левк и Ор. Покрај тоа, во 2033 година сондата ќе го проучува бинариот астероид Патрокле-Менетиус.