Голем број граѓани уште ги чекаат парите од МојДДВ

Додека голем дел од граѓаните секојдневно го проведуваат салдото на своите трансакциски сметки, во очекување да го добијат повратот на ДДВ од потрошените пари, од УЈП уверуваат дека сите кои на сметките сѐ уште не добиле пари, ќе се офајдат до крајот на неделава. Односно дека до петок, на сметките ќе им легне повратот на ДДВ.

Тоа важи за сите граѓани кои скенирале фискални, од јули до септември годинава, откако започна примената на апликацијата МојДДВ. Во тој период се скенирани 22,670,713 фискални сметки, додека повратот од 15 отсто е во висина од 186,215,194 денари.

Од 6 декември УЈП ја започна исплата на паричните средства кај граѓаните, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ, а повратот е од 15 отссто од ДДВ. Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани.

Од УЈП најавуваат дека ќе излезат со подетални информации по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ кои ги исполниле условите за поврат на 15 отсто од ДДВ.