Голем број на хоспитализирани од Ковид-19 во Куманово, а проблем е што фали персонал

Во моментов има 67 лица кои се лекуваат во болнички услови изјави Снежана Захариева директорка на кумановската болницата за „Утрински брифинг“.

Голема бројка на хоспитализирани има во Куманово.

Во моментов има 67 лица кои се лекуваат во болнички услови изјави Снежана Захариева директорка на кумановската болницата, таа посочи дека пред една недела е пуштен уште еден објект.

-Не смееме да сметаме само на клиниките. Самиот транспорт е голем проблем за заболените. Треба во момент да се реагира. Објектите не се проблем. Проблем е пренамената и персоналот. Денес на помош ни доаѓаат специјализанти од Крива Паланка- вели Захариева, а посочи и дека имаат само тројца инфектолози. А на помош доаѓаат специјализанти и општи доктори кои го познаваат начинот на работа.

Според Захариева во другиот оддел има и интернисти кои се поддршка и помош на младите колеги, и додава дека останатите пациенти кои не се заболени од Ковид-19 не се оставени сами, иако заради додатните ангажмани морале да редуцираат одредени термини.