Голем дефект на цевка на „Гологанов“ – Жители на Тафталиџе и на Козле без вода

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ од утринските часови се на терен и работат на отстранување на дефектот на цевка со дијаметар 400мм на улицата Теодосиј Гологанов, односно на раскрсницата со улицата  Анкарска.

Поради сериозниот дефект, вода немаат жителите од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле.

„Нашите екипи заедно со потребната механизација, работат на што побрзо oтстранување на дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување. Се работи за деликатен дефект, на поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато од истата“, информираат од „Водовод и канализација“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.