Голем интерес за користење на апликацијата ССМ-Мои работнички права

Сојузот на синдикатите на Македонија, слушајки ги предлозите на работниците за потребата од поголема достапност за овозможување на бесплатна правна заштита воведе нова алатка, ССМ – мои работнички права која претстаува прва мобилна апликација преку која работниците и граѓаните им се овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија.

Апликацијата нуди можност за:

–           Пријавување на прекршено право за себе и за друго лице

–           Анонимно пријавување

–           Директна комуникација со претставници на ССМ

–           Следење на вести и совети од ССМ

Анонимното пријавување како опција се користи најмногу од страна на работниците и претставува 62% од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права.

Работниците највеќе пријавуваат прекршување на работничките права и тоа од пријавите преку апликацијата:

– 61 % се во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата

– 18 % се во врска со нарушено право на годишен одмор и право на регрес за годишен одмор

– 12  % се во врска со промена на договорите за вработување, престанок на работен однос,

–  5  % се во врска со безбедност и здравје при работа и

– 4 % се во врска со правата на синдикалниот претставник и колективното преговарање

Типот на пријави во најголем дел или 63% се жалби, 22% се за прекршоци и 15% се барања.

59% од пријавите се затворени и по истите веќе е постапено од страна на ССМ или Државниот инспекторат за труд, а 29% од пријавите се во процедура, а 12% се отворени за кои се чека дополнителни информации од работниците во врска со прекршувањата на нивните права од работен однос.

Согласно статистиката од апликацијата ССМ – мои работнички права, пријавите се во 87 % од вработени, а 13 % од пријавите се од невработени лица или лица на кои им бил прекинат работниот однос.