Голем пожар на Беласица, гореше бука и бел бор

Вчера во 13.50 часот било пријавено дека настанал пожар на планината Беласица на македонска територија во правец на место викано „Тиха долина“ и место викано.„Сарикаја“, помеѓу селата Банско и Свидовица. Пожарот бил локализиран во 17.40 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица и работници на ПШС-Беласица.

Во пожарот биле зафатени околу 105 хектари високо стеблеста шума бука и бел бор.

Увид ќе се врши во текот на денот.