Голем пожар во електрана во близина на Москва, има повредени лица

Помеѓу шест и девет лица се повредени во голем пожар што избувна денес во гасната електрана во московскиот регион, објави руското Министерство за енергетика, пренесе Ројтерс.

Седум лица се повредени и сите имаат изгореници од прв или втор степен, пренесе Тасс Повикувајќи се на неименуван извор од Медицинскиот центар за итни случаи.

На лице место се наоѓаат повеќе од 150 пожарникари, десетици противпожарни возила, хеликоптери и возови, изјави за руската државна телевизија Зана Терехова портпаролка на итните служби.

Таа изјави дека нема ризик пожарот да се прошири во населените области и додаде дека пожарникарите се надеваат дека ќе го изгаснат пожарот за еден час.

На снимката која циркулира на социјални мрежи се гледа пожар кој се издига во небото.

Очевидец за новинската агенција РИА изјави дека пожарот се крева на височина од 50 метри