Голем пожар на грчкиот остров Евиа

17

Голем пожар се активираше во шумскиот дел на грчкиот остров Евиа. Евакуиран е манастир, а на локалното население од три села им било кажано да бидат подготвени за евакуација.

Во гаснењето на пожарот од 3 часот утринава се активирани 80 пожарникари со 39 возила, четири авиони и два хеликоптери, јавуваат грчките медиуми.

„Екатимерини“ објавува дека манастирот е евакуиран поради претпазливост.

Силниот ветер и непристапниот терен го отежнуваат напорот на пожарникарите да ја стават под контрола огнената стихија.

Густиот чад, како што се наведува, стигнат до Атина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.