Голем пожар на Крит

Шумскиот пожар што избувна вчера попладне во областа Ласити на Крит, претпладнево се уште гори.

Пожарот доцна синоќа бил ставен под контрола, но подоцна се разгорел поради силните ветрови кои дуваат во областа. Огнената стихија засега не претставува закана за населени места, јави дописникот на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 20 противпожарни вoзила, 46 пожарникари и повеќе волонтери.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.