Голем пожар на непристапен терен на полигонот Криволак

Избувна пожар на армискиот полигон Криволак на подрачјето на општија Неготино, информираат во понеделникот дежурните екипи во ТППЕ Неготино.

Спроед истиот извор, стапено е во контакт со воениот полигон Криволак и се иззвестува дека пламенот е забележанн на АБХ стариот полигон на непристапен терен.

„Точното време на појавување не е познато, но се смета дека најверојато пожарот се појавил во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во полигонот“, информираат од РЦУК Велес.

Оттаму додаваат дека моментално никој не интервенирал бидејќи теренот бил непристапен. Поради оваа причина, за пожарот известени се надредените во АРМ и е побарано интервенција со хеликоптер заради непристапниот терен, потенцирајќи дека пожарот е од поголем обем